Уапсен поранешниот генерален секретар на младината на СДСМ

Поранешниот генерален секретар на младината на СДСМ, Михаел Младеновски вечерва е приведен по тепачка пред сендвичарата „Седмица“ во Скопје, јавува А1 он. Порталот, повикувајќи се на оќевидци, пишува дека Млденовски заедно со уште петнаесетина лица нападнале млад човек. Полицијата која била во близината ги уапсила и при претресот се пронајдени ножевите.
Михаел Младеновски беше генерален секретар на СДММ, и еден од првите кои јавно му се спротивстави на тогашниот лидер Бранко Црвенковски, по што беше исклучен од партијата. Во моментов тој е дел од Алијансата за позитивна Македонија на Владо Бучковски

 

15.01.2014 - 23:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега