Поскапуваат тутунот и цигарите во Грција

Како што објавија грчките медиуми, со цел да се зголемат приходите во државната каса во Грција, променета, односно зголемена е цената на акцизите на цигарите за пет евроценти, на тутунот за лулиња за седум центи и пакувањата со пури за едно евро.

Измените во Законот се прават со цел да се компензира укинувањето на таксата од 25 евра за сместување во државна болница, што Владата сакаше да ја наплатува еднокртано. Со оваа такса се очекувааше годишен прилив во буџетот од 45 милиони евра.

Се очекува од поскапувањето на тутунските производи државата да заработува по 50,7 милиони евра годишно.

14.01.2014 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега