Се крчка коалиција СДСМ-ДУИ

 

Демократската унија за интеграција е подготвена на коалиција со СДСМ доколку не поминат преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за оформување мнозинство во советот на општина Тетово, пишува Дневник. Општинскиот совет на оваа полошка општина е блокиран бидејќи партиите од владејчката коалиција не може да се договорат. 
Дневник пишува дека уште покомплицирана е ситуацијата во Струга каде Зијадин Села треба да направи коалиција со македонскиот политички блок. Дневник пишува дека ДПА не сака соработка со СДСМ, додека пак во ВМРО-ДПМНЕ се децидни, дека во коалиција со албанската партија одат само во пакет со пратениците на СДСМ.

ФОТО: Дневник

најчитано сега