Планинарски марш до врвот на Голак

 Група планинари од Планинарското друштво „Кадиица“ од Пехчево и од Планинарско-спортскиот клуб „Голак“ од Делчево, вчера го реализираа првиот годинашен марш до врвот на планината Голак - Чавка, на височина од 1.546 метри.

Со маршутата долга 24 километри беа опфатени Спортско-рекреативниот центар, спомен обележјето на Февруарскиот поход и Манастирскиот комплекс „Св.Пантелејмон“.

На Голак планинарите се сретнаа со членови на ловните друштва од Делчево и од Рача, Република Србија. 

13.01.2014 - 10:43
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега