Осум месеци затвор за напаѓачите - Пендиков не го истепале поради етничка омраза
Основниот суд Охрид ги осуди на ефективна затворска казна од по 8 месеци Илија Спасески и Борче Ангелов кои се обвинети за претепување на охриѓанецот Христијан Пендиков.
Случајот доби политичка конотација и дополнително ги залади односите помеѓу официјално Скопје и Софија, а Бугарија истиот го оквалификува како “национално мотивиран”, па според нив причина за нападот е што Пендиков кој во времето кога се случи инцидентот беше секретар на сега веќе затворениот контроверзен бугарски културен клуб “Цар Борис Трети”.
Осудените имаат право на жалба пред Апелациониот суд Битола.
06.03.2025 - 09:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа