ИЈЗ бара посебен данок за засладени пијалоци
Решавањето на проблемот со дебелината бара системски мерки што ќе ја намалат изложеноста на населението на храна и пијалоци со висока содржина на шеќер, сол и нездрави масти, па во борбата со овој проблем, Институтот за јавно здравје бара воведување даноци за засладените пијалоци и забрана за рекламирање на производи со висока содржина на шеќер.
- "Во Северна Македонија, исто како и на глобално ниво, стапките на дебелина се поттикнати од промените во економијата, зголемената потрошувачка на преработена храна, агресивното рекламирање на нездрава храна, како и намаленото ниво на физичка активност. Потребна е итна интервенција во овие области за да се спречи влошување на состојбата. 30,4% од децата на возраст од 6 до 9 години имаат вишок килограми, а 13,8% се со дебелина. Дури 4,4% од нив страдаат од екстремна дебелина, што сериозно го зголемува ризикот од хронични заболувања во подоцнежниот живот", велат од таму.
Препорачуваат посебен данок на засладени пијалоци, забрана за рекламирање на храна со висока содржина на шеќер, сол и транс масти, особено во медиумите што ги следат децата, јасно означување на храната, подобра исхрана во училиштата и поголема физичка активност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа