Борко до Кире: Не ми врши притисок (ВИДЕО)

Пред стартот на мечот со Данска, поточно уште вчера во авионот Кире и Борко имаа интересен дијалог преку телевизиите. Кире на шега му порача на Борко дека треба добро да го проучи Хансен и да ги следи неговите шутеви. Борко во свој стил, не пропушти да се пошегува со капитенот. Му порача да не му врши притисок и тој да ги проучи голманите на Данска и да внимава, каде тие бранат. 
Она што може да се забележи од видето кое го објави ТВ Сител, е дека атмосферата во нашиот тим е на високо ниво. Навивачите ќе бидат најсреќни, доколку Борко ги фати шутевите на Хансен, а данските голмани останат со празни раце по шутевите на Лазаров. 

Со среќа момци.

12.01.2014 - 19:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега