Конечно: Аеродромот „Александар Велики“ отворен за сообраќај
СКопскиот аеродром Александар Велики откако два дена беше затворен за сообраќај поради маглата која правеше проблеми, денеска конечно авионите ќе можат да полетуваат и слетуваат од него.
По 11 часот се реализирани две слетувања од Виена, кои се први денеска зашто поради временските услови беа откажани шест пристигнувања и исто толку полетувања од аеродромот.
Александар Велики и вчера беше затворен за сообраќај поради што направи проблем и за македонските ракометари кои веќе пристигнаа во Данска каде вечерва го играат натпреварот со домаќинот на ЕП во ракомет. Тие со автобус патуваат до Софија, а од таму со авион до Данска каде ќе ги бранат боите на Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа