Што сака да скрие СДСМ околу спорот со името?

Според вчерашните изјави на двоецот Заев и Шеќеринска се повеќе наликува дека во СДСМ се очекува нов хаос, токму во највисокото раководство на партијата.

Во текот на вчерашниот ден можевме да видиме две спротивни изјави на Заев и Шеќеринска околу тоа дали се разговарало во Брисел за спорот со името или не.

Интернет порталот Плусинфо ја објави изјавата на Зоран Заев со која Заев весли дека зборувале за дијалог кој ќе води до решение за спорот со името.

Од друга страна интернет порталот А1он објави сосема спротивна изјава од Радмила Шеќеринска во која таа вели дека не е точно дека на средбата се разговарало за преговорите за името со Република Грција.

На што се должи оваа спротивност во изјавите на двајцата први луѓе на СДСМ. Што е тоа што СДСМ сака да го скрие, акако резултат на тоа се овие спротивни изјави? Очигледно дека меѓусебната координираност помеѓу Заев и Шеќеринска не е на највисоко ниво. Изгледа освен медиумската војна што ја водат проопозициските медиуми, на повидок е нов хаос,  овојпат во високото раководство на СДСМ.

 

Од целата новонастаната ситуација повеќе од сигурно е дека најголема штета ќе има Република Македонија и граѓаните. Граѓаните на овој начин се доведуваат во заблуда за она што излегува како официјални ставови од СДСМ. Што е точно дали тоа што го говори Зоран Заев или Радмила Шеќеринска?

10.01.2014 - 14:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега