Од вчера секој Норвежанец е милионер - кој не би сакал да живее во Норвешка
Од вчера секој граѓанин на Норвешка стана милионер. Ова се случува благодарение на најбогатиот фонд што го поседува Норвешка кој се зголеми како резултат на високата цена на нафтата и гасот.
Сајтот на Централната банка на Норвешка наведува дека износот на фондот од 5,11 трилиони круни или 829 американски долари е милион пати повеќе од бројот на жителите на земјата.
Како што изјавува Томас Севанг, портпаролот на банката, ова е прв пат за секој од речиси петте милиони жители фондот да достигне по еден милион.
09.01.2014 - 13:47
Фото:
офнет.мк
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа