Бугарија и Македонија со заеднички проект за развој на човечките ресурси

 

Почна да се имплементира проектот „Интегриран развој на човечките ресурси во прекуграничниот регион на Македонија и Бугарија“, чија цел е да се овозможи поддршка на мобилноста, адаптилноста и условите за преквалификација на работоспособното население во прекуграничниот регион.

Активноста е организирана од Директоратот при Министерството за регионален развој на Бугарија, а од бугарска страна носител на проектот е фондацијата „Стратос“ од Белица со партнер од македонска страна здружението „Граѓански центар за одржлив развој – ЕГРИ“ од Крива Паланка.

Како што информираа организаторите, специфични цели на проектот се идентификација на тековните и идни очекувани резултати за потребите на работодавачите и способностите на работната сила во прекуграничниот регион и развивање на Стратегија за интегриран развој на човечките ресурси, што ќе влијае на мобилноста, адаптилноста и квалитетот на обуката во регионот.

Во таа насока истражувањето и добиените резултати ќе ја резултираат Стратегијата преку конференции и кампањи и ќе се пружа помош на работодавачите и на целните групи кои бараат работа, пред се студентите преку промоција на веб-базиран портал и веб-платформа за е-учење.

Активноста е во рамките на Третиот повик за проекти на ИПА-програмата на Европската унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Бугарија со вкупна вредност од 79.621 евра.

09.01.2014 - 09:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега