Папандреу: Нашите бројки се лажни, земјата се тресе од корупција

Папандреу истакна дека земјата се тресе од корупција и дека досегашните бројки се лажни. Ова тој го истакна на состанокот во Брисел во 2010 година, анализирајќи ги случувањата во Грција од почетокот на економската криза во земјата односно од 2008 година

Весникот во текст под наслов „Ангела Меркел во грчка стапица“ тврди дека германската канцеларка била страшно изненадена откако на состанокот во Брисел во декември 2010 година европските лидери го чуле поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу изјавувајќи „Слушнете, сите наши бројки се лажни, земјата се тресе од корупција и ќе бидат потребни години, но подготвен сум да се справам со неа, но се разбира ќе биде потребна поддршка и помош бидејќи странува збор за голема работа“.

Присутните на средбата останале без зборови, Ангела Меркел се чувствувала два пати издадена, наведува весникот, пренесува БТА. Таа се соочила со одговорности, кои не можела да ги преземе, бидејќи Европејците немаа соодветни инструменти за финансирање на Грција на финансиските пазари, ниту средства за затегнување на уздите на Грција. Од Меркел се очекувало невозможното, да даде гаранции за измамниците пред Бундестагот и народот, пишува белгискиот весник.

Грчката дискретност била неубедлива. Сепак, тоа што оставило поголем впечаток на европските лидери од сериозноста на ситуацијата во Грција, вечерта на 10 декември, е искреноста на Папандреу, наведува весникот.

најчитано сега