На Табановце за излез од државава се чека околу 30 минути

 

На граничниот премин Табановце за излез од државава се чека околу 30 минути, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ информираат дека поради пожар во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје е затворен за секаков вид на возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

13.08.2025 - 19:26

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега