ФОТО: Неверојатно, при пораѓање бебето го фати докторот за прст

Едно семејство ја сподели веројатно најинтересната фотографија на Интернет, каде од моментот кога се пораѓала Алиша Еткинс со царски рез, јасно се гледа како нејзината ќеркичка од стомакот го подава рачето и го држи докторот за прст.

Докторот ми рече „Еј таа само што ме фати за прст“, истрчав, сликав и застанав да го гледазм тоа чудо, рекол Ренди гордиот татко.

"Ова се случи пред десет дена. Се породував со царски рез и кога докторот ја почна операцијата мојата ќеркичка ја извади раката и ја подаде накај него за што побрзо да дојде на овој свет. Мојот сопруг го фотографираше овој бесценет момент" вели мајката Алиша.

Фотографијата која го освои целиот свет гордите родители ја споделиле на 26 декември.

 

04.01.2014 - 12:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа