Пазарната инспекција го „нападна“ Скопје - 7 бутици казнети бидејќи нуделе лажен попуст

Пазарниот инспекторат казни седум бутици во Скопје бидејќи за време на новогодишните празници нуделе лажни попусти. Како што јавува Телеграф.мк, се работи за бутици низ поголемите трговски центри на градот кои треба да платат глоба од 2.400 евра, или половина од оваа вредност ако платат во рок од осум дена, бидејќи ги измамиле граѓаните.

- Трговците многу добро ги знаат правилата, но се прават дека нешто не им е јасно и намерно прават финти со цените. Пишуваат дека попустот е 70 отсто, но тоа не е точно, бидејќи производот го вратиле на првобитната цена па потоа го пресметале попустот. Или производи со грешка ги продаваат заедно со останатите производи по иста цена - велат од инспекторатот за Телеграф.

Инспекторатот апелира граѓаните да пријават било каква неправилност која ќе ја забележат.

04.01.2014 - 12:37
Фото: 
Нова Македонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега