Скопјанец се обидел со нож да нападне полицајци среде бел ден

 


Вчера во 11.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Л.(21) од Скопје. 

Во моментот кога полициски службеници дале знак за запирање на возилото „рено канго“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил совозач, Л.С. од прозорецот фрлил тврда бела материја, а откако излегол од возилото се обидел со остар предмет да нападне полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

18.06.2025 - 12:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега