Со автомобилите удриле во куче - повредено петгодишно детенце на патот Тетово - Гостивар
Три сообраќајни несреќи во кои три возила удриле во кучиња скитници се случиле во текот на вчерашниот ден на автопатот Тетово - Гостивар. Во несреќите се повредени три лица меѓу кои и петгодишно детенце.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски денеска информираше дека првата незгода се случила вчера околу еден часот по полноќ кога патничко возило „форд мондео“ со гостиварски таблички удрило во куче скитник. Возилото со кое управувал 32-годишниот А.А. изгубило контрола и удрило во бетонски ѕид при што со повреди се здобиле возачот и сопатниците 32-годишниот Ѓ.А. и петгодишно дете. Тројцата се пренесени во гостиварската болница и по укажаната лекарска помош, се пуштени дома. Потоа, патничко возило „голф“ со гостиварски ознаки управувано од С.Д.(49) удрило и усмртило куче, но во овој случај нема повредени. Последниот ваков случај е регистриран вчера околу 11 часот и 30 минути при што патничко возило „цитроен“ со кичевски таблици управувано од А.В (32) удрило во куче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа