Исезнатата Маја од Лешани пронајдена мртва во планините над Охрид?

 

Телото на Маја од Лешани која пред неколку месеци беше пријавена како исчезната можно е да е трупот кој  во фаза на распаѓање беше пронајден во планинскиот појас над селото Велмеј, охридско. Според неофицијалните информации до кои дојде Press24 полицијата по опсежна претрага на теренот, нашла тело на младо девојче за кое постојат сомневања дека е исчезнатата Маја Блажевска. 
Од охридската полиција за Press24 велат дека не можат да ги потврдат овие информации бидејќи екипите се уште се на терен, а за потврда на иднетитетот на пронајдениот труп ќе мора да се почека обдукцијата која ќе се прави најверојатно во текот на денот. Се уште нема информации ниту дали на трупот се видливи траги на насилство. Prеss24 веќе објави дека е пронајден труп во фаза на распаѓање во Охридско.
Малолетната Маја Блажевска два пати беше пријавена како исчезната во полиција. Првиот пат беше пронајдена кај своето момче во Скопје. По втор пат како исчезната беше пријавена на почетокот на ноември, минатата година. Од тогаш до сега и се губи секаква трага. 

02.01.2014 - 14:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега