Шумахер се повредил додека се обидувал да му помогне на пријател

Легендата на Формула 1 Михаил Шумахер кој се повреди за време на скијањето на француските Алпи, при што веднаш со хеликоптер беше пренесен во болница, каде му беа направени операции, всушност се обидувал да му помогне на пријател на стазата.

Германските медиуми деновиве пишуваат дека славниот возач на Формула 1 се возеле со нормална брзина на стазата, но во еден момент се обидел да му помогне на свој пријател од групата со која скијал, при што завршил во длабок снег, и удрил со главата во камен при што кацигата му се скршила на два дела.

Шумахер и понатаму се наоѓа во кома, по двете операции.

02.01.2014 - 09:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега