Среќен крај на потрагата: После седум дена исчезнатата скопјанка пронајдена во болница
Скопјанката М. П., чие исчезнување беше пријавено на 9 мај и предизвика голем интерес на социјалните мрежи, е пронајдена, потврди МВР за „Фокус“.
Според информациите на „Фокус“, М.П., која има здравствени проблеми, самостојно се пријавила на лекување во здравствена установа каде што и претходно се лекувала и во моментов е хоспитализирана.
Последната позната локација на жената пред да биде пронајдена беше железничката станица во Скопје.
17.05.2025 - 10:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа