Американски војник прогласен за виновен за убиство на петмина американски војници во Ирак

 

Американски војник кој што извршил убиство на пет свои колеги во 2009 година во Ирак, беше прогласен за виновен за убиство со предумисла. Вината беше согласна со договорот на адвокатите на наредникот Џон Расел и обвинетилството. Со ваквата пресуда, Расел избегна смртна казна, но затоа може да биде осуден на доживотна робија. 

Убиството беше извршено на клиниката за војници, кои страдале од посттрауматски стрес во најголемата американска база во Ирак, Кемп Либерти. Првично Расел тврдеше дека е невин.

За една седмица ќе биде објавена неговата пресуда. 

Во моментот на убиството Расел бил на трета мисија во Ирак и бил на пат да ја напушти земјата.

најчитано сега