Донаторска конференција на Економскиот факултет

 

Денеска Царинската управа на Република Македонија и Регионалниот тренинг центар на Светската царинска организација, во соработка со Државниот комитет за царина на Република Азербејџан, организираат донаторска конференција на Економскиот факултет во Скопје.

По обраќањата на Ајдин Алиев, претседател на Државниот комитет за царина на Азербејџан,  Ванчо Каргов, директор на Царинската управа, и проф. д-р Љубомир Дракулевски, декан на Економскиот факултет, ќе биде донирана техничка опрема.

Предвидено е и прикажување филм за ликот и делото на претседателот на Азербејџан Хајдар Алиев и Царината на Азербејџан.

ФОТО:.eccf.ukim.edu.mk

најчитано сега