На кружен тек удрил пешак - полицијата го приведе
Скопјанецот Е.Ј. (31) е уапсен од страна на полицијата откако со својот автомобил удрил пешак на 87-годишна возраст во центарот на Скопје.
Инцидентот се случил на 25 април 2025 година околу 20:30 часот, на кружниот тек кај улиците „Кирил и Методиј“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Костурски Херои“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, Е.Ј. управувал патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, кога го удрил пешакот Ѓ.П. (87) од Скопје.
Пешакот бил веднаш пренесен со возило на Итна медицинска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Набргу потоа, на 26 април во 01:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј. По целосно документирање на случајот, и во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа