Трагедија кај Виница: Дрво усмрти маж
Вчера во ОВР Виница било пријавено дека во 10.00 часот на место викано „Вртен камен“ во близина во с.Лески, виничко, Р.А.(53) од Струмица, со живеалиште во Виница, вршел сеча на дрва, при што едно дрво паднало и го удрило во пределот на главата, по што бил пренесен во Општа болница Виница каде што починал.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено семејството, информираат од СВР Штип.
24.04.2025 - 14:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа