Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива

 

Јавното комунално претпријатие „Стандард“ кое стопанисува со водоводот Росоки - Дебар, ги известува корисниците на вода за пиење дека може да ја користат  само со претходно нејзино превривање.

-Ги известуваме корисниците, дека водата за пиење пред консумирање се препорачува да се преврива, поради сигурност на здравјето на граѓаните. Затоа бараме разбирање и внимание при користење на водата до следното известување, стои во известувањето објавено доцна попладнево.

Причина за тоа е технички дефект на апаратурата во станицата за хлорирање, поради што водата нема да биде хлорирана до отстранување на дефектот.

Во понеделникот во градот, во периодот од 9 до 19 часот, имаше прекин во водоснабдувањето, поради изведување зафат врз главниот вентил во градскиот резервоар, а во исто време и негово генерално чистење.  И во следните два дена имаше неколкучасовни прекини во водоснабдувањето. 

17.04.2025 - 18:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега