Македонците со бугарски пасоши од утре ќе можат слободно да се вработат во земјите од ЕУ

Бугарските и романските државјани почнувајќи од утре ќе можат слободно да работат во сите земји-членки на Европската унија. Ваквото олеснување важи и за Македонците кои имаат бугарски пасоши.

Утре истекува седумгодишниот рок кој го добија „старите“ држави-членки да воведат ограничувања за пристапот за државјаните на Бугарија и Романија до нивните пазари на трудот. Со истекувањето на рокот, на Бугарите и Романците нема да им требаат дозволи за работа во друга членка на ЕУ.

Тоа што Бугарите и Романците слободно ќе конкурираат на пазарите на трудот, донесе загриженост кај некои земји-членки, кои стравуваат дека сиромашните имигранти од Источна Европа може да станат товар за социјалните системи на земјите.

Велика Британија изрази најголема загриженост, па од денеска граѓаните на ЕУ, кои бараат работа на нејзиниот пазар на трудот нема да имаат право на помош за невработените лица во првите три месеци од престојот. Ако не докажат дека имаат реални шанси да се вработат, ќе бидат вратени во своите земји.

 

31.12.2013 - 13:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа