Легијата бил примен на Ургентен само за да се види со важни луѓе?!

 

Милорад Улемeк Легијата како што пренесуваат српските медиуми најверојатно не бил во Ургентен поради влошена здравствена состојба туку за да се види со некои важни луѓе. Ова го изјавува Даница Драшковиќ, чиј брат е убиен на Ибарската магистрала.

- „Досега се лечеше на ВМА, како и другите затвореници. Прашањето на кое се бара одговор е кој го примил и кој толку брзо го излечил, ако воопшто бил болен. Милам дека тоа беа организирани средби со некои важни лица кои не смеат да одат во посета на затвор и дека е договорено како треба да се делува“, изјавува Даница.

Тој додава и дека се знае дека во Ургентниот центар има стари пријатели кои веројатно му должат помош. Тоа сега полесно се чини кога ќе видиме дека терористите дивеат по Србија под покровителство на власта. Бараат помилување, ги соборуваат правосилните пресуди за убиство и воени злосторства, се распоредуваат по функции во Владата и полицијата. 

За потсетување, пред неколку недели Легијата се пожалил на болки и итно беше однесен во болница. 

31.12.2013 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа