Измерени -13 степени - Македонија окована во студ

 

Минус 13 степени се измерени утрово на Попова Шапка, -10 во Крушево и Маврови Анови, -7 Берово, Битола и Претор, -6 во Тетово, -5 во Скопје, Крива Паланка, Прилеп и Охрид, -4 во Струмица, Штип и Виница, -3 во Куманово и Демир Капија, -2 во Велес и Кавадарци, а нула Гевгелија, соопшти УХМР.

Времето денска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени.

Во Скопје, претежно сончево со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 14 степени.

19.03.2025 - 08:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега