Писмо до Дедо Мраз-кога ми требаше никаде те немаше
Најпознатиот дедо во светот никогаш не слезе низ оџакот на една жена и таа никогаш не го доби тоа што го посакувала. Лута поради тоа таа му испратила писмо на Дедо Мраз.
"Драги Дедо Мраз, како си? Како е Баба Мразица?
Сакав лично да те прашам што е со поклонот кој требаше да го добијам кога имав 10 години?
Требаше да бидам балерина но ништо од тоа. Исто така сакам да прашам што стана со мојот поклон и кога имав 15 години?
Тогаш сакав било каква спортска способност за подарок, но ни од тоа ништо. Навистина ми е незгодно да те потсетувам но не го добив ни мојот подарок, кој требаше да го добијам на 17 години. Тогаш сакав на подарок да добијам долги нозе, но наместо тоа ги добив најдолгите стапала на светот. Сигурно си ме помешал со некој кошаркар. Срамота е, но ни кога имав 30 не ги довив 100-те пара чевли кои ги посакав.
Но што е тука е, сега имам 47 години и ти пишувам дека сега веќе ништо не ми е потребно, бидејќи имам се.
Имам брчки околу очите и усните.
Имам целулит, но за среќа бидејќи ми се кратки нозете не се познава многу.
Имам големи стапала, поради тоа сум стабилна и не паѓам многу лесно.
Имам облека и чевли какви што ќе посакам, затоа најчесто купувам спортска облека.
Имам семејство и срце во кое се сместени.
И најпосле имам здравје. Што друго би ми било потребно?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа