Герасимовски: Комунална хигиена и викендов одмараше, Центар го собра ѓубрето во Дебар Маало кај Круг
Oпштина Центар ја обвини ЈП „Комунална хигиена“ дека и викендов потфрлила и не ја завршила својата работа, оставајќи ја познатата локација кај „Круг“ во Дебар Маало затрупана со отпад.
Контејнерите што се наоѓаат веднаш до детската градинка „13 Ноември”, објект Парк и станбените згради околу беа преплавени со расфрлан смет. Екипите на Општина Центар веднаш интервенираа и го исчистија просторот околу контејнерите, со цел да обезбедат основна хигиена за жителите.
Паралелно, во Буњаковец е во тек расчистување на депонијата зад катната гаража. Со механизација се отстранува шут, стакло и друг отпад, со години складиран во оваа магацин- депонија од страна на несовесни лица.
„Чистотата и хигиената во нашата општина се наш приоритет. Ќе продолжиме со акциите за да обезбедиме поквалитетна и побезбедна средина за сите наши сограѓани,“ изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Се додава дека акцијата за чистење под мотото „Центар не чека, Центар чисти“, е поттикната од непостапувањето на „Комунална хигиена“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа