Зеќири: Состојбата е алармантна - Таравари и Мемеди да си дадат оставка
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со голема загриженост ги следи информациите за случајот со смртта на 9-годишното дете на скопската детска Клиника.Она што засега е познато, се информациите во јавноста дека детето од болницата од Штип е донесено на скопската Клиника за детски болести во многу тешка состојба, каде што обидите за реанимација, за жал, биле безуспешни, изјави Белкиса Зеќири од СДСМ на денешната пресконференција..
„СДСМ апелира надлежните институции при најавениот инспекциски надзор да спроведат длабока и транспаретна анализа на третманот на лекување на детето во текот на целиот процес, и кај матичниот доктор и во штипската болница и во скоспката Клиника за детски болести.
Родителите, јавноста заслужуваат информации - што точно е причината за смртта на 9-годишното дете, дали има пропусти и каде се пропустите, одговорност мора да има! Денеска денот започна со уште една трагична вест за две починати бебиња, близначиња во Прилеп. И за овој случај ги повикуваме надлежните институции час поскоро да истражат и транспарентно да ги соопштат причините за смртта
Одговорност со оставки мора да поднесат министерот за здравство, Арбен Таравари, заедно со директорот на Клиниката за детски болести, Мемеди', изјави членката на извршниот одбор на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа