Тетово: Му ја скршиле ногата на сограѓанин па претепале полицаец додека ги приведувале

 

51-годишниот Ќ.К. и 37-годишниот Б.З. од Тетово, си заработија кривична за тешка телесна повреда и напад над овластено службено лице при вршење работи на безбедноста.

Пријавените минатиот месец на улицата „Јане Сандански“ во Тетово, во угостителскиот објект “Берлин” нападнале 41-годишен сограѓанин на кој му ја скршиле ногата. Откако случајот бил пријавен во полиција, при обид да бидат приведени, В.З. нападнал еден полициски службеник удирајќи му тупаници во градниот кош. 

27.12.2013 - 12:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега