Црн Божиќ: Пожарникар при спасување сфатил дека жртва е неговата ќерка

Како што пренесува Дејли мејл пожарникарот стив Виткомб вчера на Божиќ истрчал да спаси повредена девојка во сообраќајната несреќа во Бруклин, а откако ја погледнал жртвата сфатил дека тоа е неговата  30-годишна ќерка Кејти Хамилтон.

За жал таа  набргу починала и покрај обидите на нејзиниот татко да ја спаси. Во несреќата учествувале уште неколку возачи, но никој друг не бил ни повреден.

Од полицијата соопштиле дека причина за несреќата не било пребрзо возење, туку „попречување на сообраќајот“.  Таткото со солзи во очите изјавил „Тагувам и се обидувам да сфатам што се случило“.

27.12.2013 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега