Дефект на системот за контрола на патници и возила го блокираше преминот Блаце

Товарниот сообраќај за влез и излез од Македонија на граничниот премин Блаце е во застој од 14:30 часот поради прекин на системот за контрола на патници и возила на царинската испостава, соопшти Авто-мото сјузот на Македонија (АМСМ).

Појава на магла со видливост од 50 до 100 метри  има во Прилеп, Кичево, Плетвар и Удово.

Според АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта во државата се одвива без забрани, претежно по влажни коловози. Врнежи од слаб дожд има во југозападниот дел. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на некои повисоки планински и осојничави места.

25.12.2013 - 16:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега