Филипче: Да се бориме против насилството врз жените со зборови, дела и колективна одговорност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати порака по повод Меѓународниот ден против насилство врз жените.
„Денес, на Меѓународниот ден против насилство врз жените се потсетуваме на еден од најголемите предизвици на секое општество–насилството врз жените и девојчињата. Запрепастува фактот што ова е едно од најраспространетите прекршувања на човековите права. Насилството врз жените не остава сериозна последица на поединецот туку на општеството во целост. Промената почнува од секој од нас – со зборови, со дела, со колективна одговорност. Да се бориме против ова зло со подигање на свеста, со вложување во образованието, здравството, со поголеми права на жените. Да изградиме свет каде што слободата, достоинството и безбедноста ќе бидат неприкосновени права на секоја жена и девојка“, вели претседателот на СДСМ, Филипче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа