Прво обраќање на Бајден по дозволата за ракети со долг дострел за Украина: САД цврсто стојат зад Украина
Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден зборуваше за прв пат откако медиумите објавија дека му дал дозвола на Киев да гаѓа руска територија со американски ракети.
Бајден ја повтори поддршката на американската влада за Украина на самитот на Г-20 во Бразил, иако директно не ја спомена одлуката на Украина да и се даде зелено светло за употреба на ракети со долг дострел.
– Сите ние мораме да работиме за да ставиме крај на конфликтите и кризите кои го поткопуваат напредокот во подобрувањето на безбедноста ширум светот. САД силно го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Според мене, треба да поддржат и сите на оваа маса – рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа