Могерини: Сите што ја слават победата на Трамп ќе зажалат

 

Директорка на Дипломатската академија на Европската унија, Федерика Могерини, денеска изјави дека како главни опасности за светот ги гледа дополнителните царини, војните во Источна Европа и Блискиот Исток и кршењето на човековите права, особено за Европа.

Поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ додаде дека оние кои денеска ја слават победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД за неколку месеци ќе сфатат дека тоа ќе им биде тешко и ним.


За војните во Украина и на Блискиот Исток, Могерини изјави дека е загрижена за тоа како реизборот на Доналд Трамп за претседател ќе влијае на почитувањето на меѓународното право.

„Тоа ќе има импликации во Украина, на Блискиот Исток и на други места во светот. Верувам дека ќе се обиде да го следи она што го кажа“, изјави Могерини.

18.11.2024 - 22:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега