Трамп: Јас и Бајден навистина уживавме во средбата

 

Избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, изјави дека тој и претседателот Џо Бајден „навистина уживале во средбата“ и очекуваат повторно да се видат непосредно пред денот на инаугурацијата, според ексклузивното телефонско интервју за Њујорк Пост.

– Повторно се запознавме, изјави Трамп за Пост. – Знаете, тоа беше долг, долг процес, рече Трамп. „Имаше многу работа на двете страни, и тој направи многу добра работа во однос на кампањата и сè друго. Навистина имавме многу добра средба.“

Избраниот претседател изјави дека разговарале за тековните конфликти на Блискиот Исток, како и за војната во Украина за време на нивната средба.

– Сакав – го прашав за неговите ставови и тој ми ги кажа, изјави Трамп. „Исто така, многу разговаравме за Блискиот Исток. Сакав да знам каде сме и што мисли тој. И тој ми ги кажа сите работи, беше многу великодушен.“

Трамп, исто така, го повтори неговото јавно изразено задоволство во Овалната соба за мирниот премин помеѓу администрациите, нагласувајќи дека транзицијата тече „многу непречено“ и дека неговиот транзициски тим и актуелната администрација имаат „многу, многу добра соработка.“

„Со нетрпение очекувам да обезбедиме, како што рековме, непречен премин. Ќе направиме сè што е потребно за да ви овозможиме поддршка,“ изјави Бајден претходно денеска во Овалната соба.

Трамп, коментирајќи ја Овалната соба како „прекрасна,“ на Њујорк Пост му кажа дека со нетрпение очекува да се врати во неа.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер изјави дека Трамп донел „детален сет на прашања“ на средбата во Овалната соба со претседателот Џо Бајден.

Жан-Пјер изјави дека средбата била „навистина многу срдечна, многу великодушна и суштинска.“

Портпаролката одби да каже кои прашања ги покренал Трамп за време на речиси двочасовната средба, но им изјави на новинарите за време на брифингот во Белата куќа дека Бајден „се радуваше на средбата, го ценеше разговорот и одговори на сите прашања што избраниот претседател ги имаше, и понуди свои размислувања.“

– Мислам дека времетраењето на средбата ви кажува дека тие имаа длабинска дискусија за повеќе теми, изјави таа.

Продолжувајќи понатаму, Бајден „секогаш, очигледно, ќе го задржи отворен каналот за комуникација со избраниот претседател,“ додаде таа.

Во дополнителен коментар, Жан-Пјер истакна дека потпретседателката Камала Харис „не присуствувала на утринската средба меѓу двајцата претседатели“. 

13.11.2024 - 22:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа