Совет на амбасадори: Извештајот на ЕК има очекувана содржина
Советот на Амбасадори на МК смета дека Извештајот на ЕК има очекувана содржина. Во него, велат од Советот, се нагласува дека Северна Македонија конзистентно ја следи политичката определба за исполнување на стратешката цел - нејзина интеграција во ЕУ.
-За исполнување на таа цел МК треба да реализира „суштинско“ значајни реформи. Земјата одржува добрососедски односи со останатите земји – кандидатки и се придружува на регионалните иницијативи. Билатералните договори со соседните земји (членки на ЕУ) треба да се имплементираат во духот на добрососедство од сите инволвирани страни. ЕК констатира дека меѓуетничките односи во државата се стабилни. Земјата е наполно на линија со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ и игра активна улога во комплексната геополитичка состојба што го покажа и со доброто раководење со ОБСЕ. Северна Македонија е активно вклучена во имплементацијата на Планот за раст на Западен Балкан заснован на постепена интеграција во заедничкиот пазар, регионалната економска соработка, фундаментални реформи и зголемена финансиска поддршка, велат оттаму.
Според Советот на Амбасадори, реформите во кластерот на фундаментални области треба да се имплементираат заради зајакнување на почитување на правото, владеење и зацврстување на демократијата, постигнување резултати во борбата против корупција и организираниот криминал, како основа за просперитетот на секое општество,
-Хармонизирањето со европското acquis во економската сфера и во полето на иновативноста и правата на интелектуалната сопственост ќе придонесат за економско интегрирање и покачување на конкурентноста на македонската економија, образование и наука, како основа за зголемување на животниот стандард на луѓето. Советот на Амбасадори ги подржува надлежните државни органи, колку што е можно побрзо, да преземат соодветни активности како рефлексија на Извештајот на ЕК применувајќи оптимален план во функција на зачленување во ЕУ, во интерес на земјата, граѓаните и нивното добро, се вели во дописот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа