Уапсен 27-годишен струмичанец - обљубил 20-годишна радовишанка со која живееле заедно
Полицијата уапсила 27-годишен жител на струмичко заради сомневање дека извршил обљуба врз 20-годишна жителка на радовишко село со која живее во вонбрачна заедница, соопштија денеска од СВР Струмица.
Според информацијата, осомничениот бил уапсен вчера во 18:45 часот и бил задржан во Полициската станица во Струмица.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица и по документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
31.10.2024 - 13:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа