Јаревски: 300 милиони евра беа потрошени, а не беше ништо помрднато од СДС и ДУИ, денес ја минуваме истата траса, но со интензивна и посветена работа од Владата
Во синоќешното гостување на ТВ24, во дебатната емисија Анализа 24, пратеникот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, покрај останатите теми говореше и за изградбата на Коридорот 8 кој Македонија ја прави раскрсница на три коридори- патен, железнички и гасен.
Тој во овој контекст појасни дека актуелната Влада наследи договор кој погледнат од било кој аспект и земјаќи ги предвид сите одредби кои ги содржи, а кои ги договориле СДС и ДУИ, би ни донел многу поголеми штети отколку бенефити доколку истиот сега се раскине.
„Да не спомнувам, доколку го раскиневме и овој договор тоа ќе беше повторување на практиката на СДС и ДУИ, исто како во случајот со Клинички центар за кој плативме 18 милиони евра пенали или како за непотпишаната гаранција за кредитот и уште дополнителни 3 милиони евра пенали. Тоа се суми кои државата ги исплаќа за одобрени, а неискористени финансиски средства, се заради нивната неспособност и недоволните капацитети”, вели Јаревски.
Според него, она што и преостанува на актуелната Влада е да се посвети максимално и да ги реализира дадените ветувања, со тоа што ќе се искористи постоечкиот договор, но од истиот ќе се извлечат најголеми бенефити за граѓаните, а ќе се намалат потенцијалните ризици од дополнителна штета.
„Поради некој што не си ја завршил работата како што треба, сеуште не е завршена ниту експропријацијата до ден денес, дури ни 10 проценти.
"Претставниците на „Бехтел и Енка“ јасно истакнаа дека благодарение на напорите на новата Влада, им се отвора нова делница на која можат да работат“, потенцира Јаревски.
Тој истакнува дека за многу краток период со напорна работа се завршени околу 1000 дополнителни предмети со експропријација, дополнително е среден и делот со дрвната маса како и останатите обврски кои ги превземала претходната влада и се обврзала да ги заврши до 2023 година, а од истите не се поместила ни милиметар.
„До Нова година комплетната траса ќе биде завршена, со што на изведувачот ќе му се обезбеди поле за работа. Второ, предвидениот и потпишан договор за изградба на тунел од 250 милиони евра од страна на СДС и ДУИ, во консултација со стручната фела го исклучуваме, што значи се придвижуваме во насока на заштедување на средставата и помало чинење на изведбата“, заклучува Јаревски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа