Државјанка на Словачка барана од Интерпол уапсена на Табановце
Вчера во 12:45 часот на Граничниот премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода И.К.(35) од Словачка.
Таа е проведена затоа што при извршена проверка било констатирано дека била барана од Интерпол–Словачка.
Таа била предадена на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.
21.10.2024 - 15:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа