Картите за Вардар - Шалке живо џабе

 

ФК Вардар ја информира македонската јавност дека од четврток преку својот овластен дистрибутер „МКТикетс“ ќе бидат пуштени во продажба билетите за пријателскиот натпревар со германскиот гигант Шалке 04 кој ќе се игра на 24. мај од 20 часот на националната арена „Филип Втори“.

Продажбата на билетите ќе стартува во четврток (16.мај) од 12 часот, а ќе се продаваат на следните локации:

- Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.

- Продажните салони на Office Plus во: Ramstore, Skopje City Mall, ГТЦ, Paloma Bianca.

- Југотон (ГТЦ - прв кат, Скопје).

Билети ќе може да се купат и преку интернет страницата: www.mktickets.mk

Цената на билетите ќе биде 150 денари за Јужната и за Северната трибина на „Филип Втори“, додека билетите за Западната и за Источната трибина ќе се продаваат по цена од 100 денари.