Секоја жена би сакала да го добие овој комплимент: Амиџиќ со емотивна објава за својата сопруга
Водителот Огнен Амиџиќ се огласи на својот Инстаграм профил по повод роденденот на сопругата Мина и ѝ честиташе со емотивни зборови.
– На најубавата и најдобрата жена на светот денеска е роденден. Да бидеш вечно среќна, напиша водителот и објави фотографија од сопругата.
Да потсетиме, синоќа Огнен ја прекина емисијата „Амиџи шоу“ за да и го честита роденденот на Мина.
-Ќе ве замолам за секунда внимание. На жена ми и е роденден и сакам да и честитам со песна, рекол Огнен, по што добил громогласен аплауз.
– Мирза ќе ја пее, песната се вика „Мина“, додаде водителот, а Селимовиќ се фати за микрофонот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа