Премиерот на велешка питијада: Си касна ли Мицкоски пита?

 

Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека присуствувал на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ кој е гурманска симфонија од вкусови.

-Вечерва присуствував во Велес кадешто се одржува традиционалната питијада, настан кој ја прославува богатата култура и гастрономија на нашиот регион. Оваа вечер е посветена на заедништвото и споделувањето на уникатни вкусови. Традиција која продолжува!, објави Мицкоски.

Но, останува непознато дали премиерот си каснал од велешката пита. 

12.10.2024 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега