Албанец ловел риби во Охридско Езеро - заврши во полиција

 
На 10.10.2024 во 06.55 часот во водите на Охридското Езеро, спроти туристичката населба Свети Стефан, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро го лишиле од слобода И.Ц.(63) од Република Албанија поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“ и прекршок „илегално преминување на државна граница“. Со него бил извршен службен разговор, по што бил предаден во Основен суд Охрид за понатамошна постапка, а уловот бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор - Охрид.
 
По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
11.10.2024 - 11:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега