ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Објавено видео од убиството на фудбалерот Рикардињо

 

Рикардо Паива, попознат како Рикардињо, 22-годишниот крилен напаѓач е убиен во градот Сан Хозе во Манитоба, општина во Бразил.

Сега објавено е видео од ова злосторство.

На снимката се гледа како напаѓачот излегува од црн автомобил и почнува да пука во млади мажи.

Иако Рикардињо се обиде да побегне, не успеал, па во остатокот од видеото се гледа како лежи покрај тротоарот.

По нападот, убиецот прво дошол до автомобилот, а потоа според видеото кое било објавено, го фотографирал телото на младиот фудбалер.

Младиот 22-годишен фудбалер познат како Рикардињо бил перспективен, а во последните неколку месеци закрепнувал од повредата заработена во март.

10.10.2024 - 18:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега