ДЕТАЛИ: Уапсените лекари земале 450 евра поткуп за две операции на нос
Двајцата лекари од Клиниката за уво нос и грло кои беа уапсени вчера попладне, земале поткуп од пациентка за две операции на нос, откриваат од МВР. Откако биле пријавени во полиција со посебни истражни мерки биле обезбедени докази. 29 годишната специјализантка била фатена со 9 банкноти од 50 евра или вкупно 450 евра, бележани пари а кај 45 годишниот доктор биле откриени списоци и телефони на лица со кои биле договоарани медицински интервенции надвор од правилата и законот.
МВР денеска информираше дека се поднесени кривични пријавиз а поткуп а осомничените лекари се на распит.
24.12.2013 - 12:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа