Експертите открија зошто луѓето се помалку имаат секс

 

Недостатокот на секс и недоразбирањето во оваа област по некое време може да ги раздвои луѓето и да доведе до други проблеми во врската.

Научните студии кои неодамна беа објавени открија што ја убива страста во врската и зошто луѓето се помалку водат љубов со своите партнери. Имено, психолозите го следеле сексуалниот живот на неколку стотици учесници за да го откријат одговорот на ова прашање. Како што пишува Power Of Positivity, главната причина е недостатокот на ентузијазам, проследен со недостаток на приватен простор и време.

„Недостигот од секс и неразбирање во таа област може да ги раздели луѓето по некое време и да доведе до други проблеми во врската. Откријте ги навреме и на тој начин спречете ги да се оддалечат“, вели авторот на истражувањето Менелеос Апостолу.

Имено, личноста која сфаќа дека на партнерот му недостига ентузијазам кога е сексот во прашање, се чувствува угнетено. Една од многуте причини е поминувањето премногу време на работа, а само на четврто место е лошиот секс и недоразбирањето со партнерот за овој проблем.

Освен тоа, причините поради кои сексот со партнерот со текот на времето станува непривлечен се расправиите, разликите во карактерот и злоупотребата. Партнерите кои во меѓувреме станале родители велат дека немаат доволно време и простор за водење љубов.

08.10.2024 - 23:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега