Малолетничка итно пренесена во болница: 18-годишник излета со „мерцедес“ кај Куманово
Малолетничка и 18-годишник од Куманово се повредени откако со возило „мерцедес“ излетале од патот кај надвозникот кај село Проевце, Куманово.
Девојката завршила со потешки, а момчето со полесни повреди.
-Денеска во 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, кај надвозникот кај с.Проевце, кумановско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од П.М.(18) од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Кучкарево, кумановско, а со телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во Општата болница Куманово, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа